ССМ му порачува на министерот Бесими „да прочита што е предвидено во закон и колективен договор“


Сојузот на синдикати на Македонија кој инсистира на линеарно зголемување на платите на вработените во администрацијата за 2.806 денари, денеска му порача на министерот за финансии Фатмир Бесими „да прочита што е предвидено во закон и колективен договор“. 

Во допис до медиумите од ССМ „го потсетуваат“ министерот Бесими дека Владата на седницата на Економско социјалниот совет на која се утврдило зголемувањето на минималната плата и пред целокупната јавност изјавил дека по зголемувањето на минималната плата следува период на усогласување на платите во рок од 6 месеци.

„Загрижени сме од изјавите на министерот за финансии Бесими кој се однесува како истиот да не седел на седниците на ЕСС и како Министерството за финансии да не е дел од Владата“, велат од ССМ.

Од ССМ реагираат на вчерашната изјавата на Бесими дека Министерството за финансии не  е адресата на која треба да се обрати ССМ.

„Важно е да знаеме дека во делот на преговори ние во конкретниот случај во фаза кога се работеше ребалансот, немаше завршени преговори или решение, ние не можеме да предвидиме работи кои не се дефинирани. Дека е ветено нешто, тоа не можам да ви го потврдам, во однос на ребалансот. Но, дека се разговара, се разговара“, изјави Фатмир Бесими.

Од ССМ сметаа дека ваквата изјава не е издржана, при што мешу другото се повуикуваат на соопштението од „братскиот“ Синдикат на УПОЗ при ССМ во кое ја изразуваат загриженоста поради тоа што Министерот за финансии, иако требало да предвиди работи кои се дефинирани, истиот не го почитува Гранскиот Колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено – поправните и воспитно – поправните установи, државното правобранителство, единиците на локалната самоуправа, агенциите, фондовите и центрите за социјални работи и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.

Од УПОЗ исто така реагираат и што во Предлог – ребалансот на Буџетот за 2022 година, не е предвидена исплата на регрес за годишен одмор за 2022 година.

Понатаму, од ССМ се повикувата и на Законот за минимална плата член 8, односно на усогласувањето на платите согласно порастот на минималната плата во рок од 6 месеци, за што исто така не биле предвидени средства со Прелог-ребалансот на Буџетот.