Српските ватерполисти ги победија САД и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство


Српската ватерполо репрезентација ги победи САД со 14:9 и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство.

Србите го оправдаа својот статус на фаворити и водеа со 3:1 по првата четвртина, а на полувремето влегоа со предност од 6:3.

Србија влезе во последната четвртина со предност од 10:5, и немаше проблем да ја задржи стекнатата предност и да се пласира во полуфиналето.

Во полуфиналето, Србија ќе игра против победникот од денешниот дуел меѓу Хрватска и Унгарија, кој започнува во 14:45 часот.

Другиот полуфинален пар го сочинуваат Шпанија и Грција. Полуфиналето ќе се игра во вторник.