Српски министер: Не запишувајте ги вашите деца на “блокадерски“ факултети. Ќе ви ги вратат во ковчег (видео)
Српскиот министер за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ, им порача на граѓаните да не ги запишуваат своите деца на она што тој го нарекува „блокадерски“ факултети.
Гостувајќи во емисија на Пинк ТВ, Глишиќ рече: „Не ги запишувајте вашите деца на „блокадерски“ факултети затоа што ќе ви ги вратат како што ја вратија оваа девојка од Шабац, во ковчег“.
Глишиќ зборуваше за смртта на девојка чие тело беше пронајдено на плато пред Филозофскиот факултет во центарот на Белград, додека околностите на трагедијата сè уште се утврдуваат, објавува Nova.rs.
„Замислете ги родителите како го гледаат ова. Дали треба да го запишат своето дете на Белградскиот универзитет или на факултет каде што деканот е некој блокадер? Да го регрутираат своето дете во нивната пешадија, да го испраќаат да се бори во градовите низ Србија. Да складираат пиротехника, да складираат наркотици. Да бидат вовлечени во нивната блокадерска секта. И да ги изгубат главите“, нагласи Глишиќ.
odslušati ministra glišića, samo minut ima pic.twitter.com/5VnmssEPFB
— Radomir Martin™ (@radomir_martin) March 31, 2026
„Свесен сум за тежината на зборовите што ќе ги изговорам“
Тој додаде дека е свесен за тежината на своите зборови, но дека чувствува дека мора да ја предупреди јавноста. „Сега сум многу свесен за тежината на зборовите што ќе ги изговорам. Но, морам да ѝ кажам на јавноста. Не ги запишувајте вашите деца на „блокадерски“ факултети, бидејќи ќе ви ги вратат исто како што ја вратија оваа девојка од Шабац, во ковчег“, изјави тој.
„Не ги запишувајте децата таму каде што гледате деканот е сè уште „блокадер“. Не ги запишувате децата таму за да научат нешто. Децата не одат таму за да стекнат знаење. Ги праќате децата таму за да бидат нивна пешадија, нивна војска“, додаде тој.
Да се потсетиме дека трагедијата во која 25-годишна девојка го загуби животот се случи минатиот четврток околу 22:40 часот. Во соопштението од Вишото јавно обвинителство се наведува дека на петтиот кат од зградата на Филозофскиот факултет „биле запалени неколку спрејови и петарди, по што девојчето скокнало од прозорецот на платото пред него и го загубило животот“.