Српски фудбалер се самоуби скокајќи од тераса

Имаше 47 години, а во Партизан бранеше во два наврата, од 1998 до 2003 и од 2010 до 2013 година. За тоа време освои пет титули во шампионатот и две во Купот на Србија, однсно Србија и Црна Гора. Кариерата ја почна во Слобода Ужице, а беше член уште на Национал Букурешт, Борац Чачак, ОФК Београд и Пансераикос.
Забележа и еден настап за репрезентацијата на Србија и тоа против Македонија, во пријателскиот дуел одигран на 6 февруари 2008 година, на Градскиот стадион во Скопје (1-1). По завршувањето на играчката, Илиќ почна тренерска кариера, беше дел од стручниот штаб на српската репрезентација кога на селекторската клупа седеше Славољуб Муслин, а еден период помина и како тренер на голманите на Партизан.