Српската актерка Даница Максимовиќ во болница заради компликации од Ковид-19
Србија-Српската актерка Даница Максимовиќ (67) е позитивна на коронавирус и е хоспитализирана во болница.
Според пишувањата на српските медиуми, Даница била примена во болница пред седум дена, за докторите да можат да ја следат нејзината здравствена состојба.
Таа се чувствувала подобро и била во стабилна состојба, а според информациите наскоро ќе биде пуштена дома за да продолжи со лекувањето.
Во 90-тите важеше за една од најатрактивните актерки во регионот, а оствари бројни филмски улоги во Hajduk, Sabinjanke, Ćao inspektore, Bal na vodi, Tesna koža, Hajde da se volimo, Noć u kući moje majke, Zona Zamfirova, Čarlston za Ognjenku i Amanet…