Средното стручно образование со нови наставни програми и повеќе стручни предмети
Ова го порача министерот за образование и наука Арбер Адеми на конференцијата „Реформа на техничкото образование во стручните училишта во Република Северна Македонија“ што се одржа во Скопје.
-Оваа учебна година ни започнува со имплементација на еден од најголемите реформски процеси направени во нашиот образовен систем. Имаме целосно нов наставен план и нови наставни програми за двегодишното и тригодишносто стручно образование со над 100 нови програми, а за четиригодишното стручно образование над 1.000 нови модуларни наставни програми. Соодносот на предметите е 55 отсто стручни и 45 проценти општо образовни предмети, рече Адеми.
Посочи дека на тој начин средното стручно образование ќе биде насочено кон стекнување на вештини на знаење на децата за профилот за којшто се и запишани.
-Уште од моето доаѓање на функцијата ветив дека средното стручно образование ќе биде приоритет и ќе се промовира повеќе. Годинава почнавме кампања за промоција од која веќе ги имаме првите позитивни резултати од аспект на афирмација и објаснување на приодобивките од овој тип на образование. Истовремено вложуваме и инвестираме во ваквото образование. Се повеќе и повеќе училишта веќе имаат формирано реални училишни компании за чие оформување МОН им даде финансиска помош и поддршка. Децата сега можат да почуствуваат што заначи да си дел од една реална училишна компанија и да имаат придобвики од нејзината рентабилост, посочи Адеми.
Вложуваме, додаде, и во опремувањето на средните стручни училишта.
-Повеќе од 400 илјади евра МОН вложи особено во земјоделските училишта кои се опремени со трактор, плугови и друга опрема се со цел да се реализира наставата на што поквалитетен начин, истакна Адеми.