Средношколците можат бесплатно да се возат за летниот распуст со ЈСП
Средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст.
Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2023 година, која, меѓудругото, вели “со почетокот на 2023 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука…“.
Инаку, од понеделник (12.06.2023 год) јавниот превоз ќе функционира по летен возен ред.
Распоредот на сообраќање на возилата на сите линии (градски и приградски) е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk).