Средни стручни училишта од Скопје ќе се претстават во ОУ „Блаже Конески“


Средни стручни училишта на Град Скопје ќе ги претстават своите струки и профили пред деветоодделенците од Аеродром на настан во Основното училиште „Блаже Конески” во таа скопска општина.

Целта е подобрување на имиџот на стручното образование и потикнување на младите да се запишуваат во средните стручни училишта и да ги изучуваат занаетчиските занимања кои нудат перспектива и вработување.

Во соработка со Занаетчиската комора Скопје, струките и профилите кои ги нудат за упис во средно образование на штандови ќе ги претстават стручните училишта: „Боро Петрушевски“, „Михајло Пупин“, „Димитар Влахов“, „Георги Димитров“, „Марија Кири Склодовска“, „Шаип Јусуф“, „Владо Тасевски“, „Кочо Рацин“, „8 Септември“,  „Здравко Цветковски“ и „Браќа Миладиновци“.