Средба со Путин само на растојание и со тест
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека за време на пандемијата на коронавирусот, во итен случај, претседателот Владимир Путин може да се сретне лично со луѓе, кои понекогаш треба да почекаат на тестирање пред тоа, а личната комуникација со шефот на државата може да се одвива и на безбедно растојание од пет до шест метри.
Песков на каналот Русија 1 оцени дека дури и по завршувањето на пандемијата на коронавирусот, одреден дел од состаноците може и треба да се одржуваат преку видео конференции, бидејќи на тој начин не се губи време за патувања и подготовки, пренесува РИА Новости.