Средба на градоначалникот на Чаир со директорите на училиштата за новиот концепт во образованието


Градоначалникот на Чаир Висар Ганиу денеска имаше средба со директорите на девет основни училишта на територијата на оваа општина, на која разговараше за новиот концепт на МОН во образованието и за можностите за негово спроведување.
 
Како што соопшти Општина Чаир, во фокусот на разговорот била дигитализацијата и капацитетите кои ги имаат училиштата за да пристапат кон овој процес.
 
– Беше изразена подготвеност за поддршка на новата иницијатива и за заедничко чекорење кон реализацијата на еден квалитетен образовен процес, следејќи ги современите трендови на наставата. Исто така, директорите го известија градоначалникот Ганиу и за одржувањето на процесот на регистрирање на децата во прво одделение кој овојпат се реализира и онлајн. Училишниот персонал е целосно подготвен за регистрирање на децата и за лесно надминување на сите административно–технички постапки, се наведува во соопштението на Општина Чаир.