Србија регистираше 7.780 нови случаи на корона вирус


Од вкупно 7.780 нови случаи на корона вирус, колку што е потврдено во Србија во последните 24 часа, повеќето се регистрирани во Белград денес, 2.033.

Починале 57 пациенти, а напреавни биле 22.404 тестови.

Според последите информации од Министерстовото за здравство и Институтот Батут на респираторна машина има приклучени 245 пациенти во болниците ширум Србија.

На второ место е Нови Сад со 586 новоинфицирани, следен од Крагуевац со 396 и Панчево со 235.

Откриени се 231 нов случај во Ниш, 199 во Краљево, 174 во Чачак и 145 во Смедерево. Следува Суботица со 126 новоинфицирани, Ваjeево со 123, Бачка Паланка со 102 и Крушевац со нови 102 случаи.

Бор регистрираше 89 нови пациенти, Пожаревац 84, Зрењанин 83 и Врање 82.