Србија: На работно место ќе може најверојатно и до 70-от роденден
Вработените всушност може да останат на работа уште пет години по исполнувањето на условите за пензионирање, доколку тоа го посакуваат и ако има потреба работодавецот, беше речено на советување организирано од Сојузот на правници на Србија и на Република Српска.
Предлогот дека работниот однос не мора да престане според законот на 65-годишна возраст, туку дека таа граница може да се помести до 70-тиот роденден ќе биде испратен до надлежните министерства, наведува весникот.