Србија ќе има нов кошаркарски селектор?


Светислав Пешиќ

Поразот во осминафиналето на Евробаскет 2025 од Финска за Србија можеби ќе значи и нов селектор. Светислав Пешиќ негираше оставка.

Попладнево се појави информација во српските медиуми дека раководството на кошаркарскиот сојуз на Србија го сменило Пешиќ и дека се почнати разговори со Душан Алимпијевиќ, кој пак има договор и работи со турскиот тим Бешикташ.

Набрзо стигна и демант дека КСС не го сменила Пешиќ и дека тој останува на селекторската позиција. Србија под водство на Пешиќ во неговиот втор мандат освои сребро на Светското првенство во Манила и бронза на Олимписките игри во Париз, а во првиот мандат освои злато на Светското првенство во Индијанаполис 2002 година.