Србија и Црна Гора не се пласираа во финалето на Евросонг (видео)


Базел – Претставникот на Србија, Стефан Здравковиќ Принц, не успеа да се квалификува за финалето на Евровизија во Базел синоќа со песната „Мила“.

Во второто полуфинале на Евровизискиот натпревар, што се одржа во „Сент Јакобшале“, Здравковиќ, и покрај својата моќна вокална изведба, не се пласираше меѓу десетте од 16-те полуфиналисти кои ќе се пласираат во финалето на натпреварот на 17 мај.

Од регионалните претставници, Нина Жижиќ од Црна Гора со песната „Добродошли“ исто така не се пласираше во финалето.

Во финалето исто така не се пласираа ниту Хрватска, ниту Словенија, од првото полуфинале, што е прв пат на престижната манифестација да нема претставник од ексЈу. 

 

Од второто полуфинале, претставници од Литванија, Израел, Ерменија, Данска, Австрија, Луксембург, Финска, Латвија, Малта и Грција се пласираа во финалето на Еврососог.

И покрај протестите, претставничката на Израеел, Јувал Рафаел влезе во финалето

Тие ќе се приклучат на Норвешка, Албанија, Шведска, Исланд, Холандија, Полска, Сан Марино, Естонија, Португалија и Украина, како финалисти од првото полуфинале, и на  Големата петорка- Фанција, Шпанија, Германија, Велика Британија, Италија и домаќинот Швајцарија, на финалето в сабота. (Фото + видео: ЕБУ)