Србија, Хрватска и Словенија во финалето на 68.Евросонг во Малме (видео)
Малме– Србија, Хрватска и Словенија влегоа во финалето на 68. Евросонг, синоќа во Арената во Малме, по првата полуфинална вечер .
Луксембург се врати во натпреварувањето за првпат по 1993. Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора не учествуваат годинава поради финансиски причини.
Во второто полуфинале, кое ќе се одржи в четврток ќе настапат Албанија, Ерменија, Австрија, Чешка, Данска, Грција, Малта, Швајцарија, Белгија, Естонија, Грузија, Израел, Латвија, Холандија, Норвешка и Сан Марино.
Финалето е в сабота, со учество на претставниците од големата петорка кои директно влегуваат во финале: Германија, Италија, Франција, Англија и Шпанија и ланскиот победник, Шведска.
Српската претставничка Теја Дора , која синоќа беше прочитана како прв финалист, на прес-конференцијата по шоуто, изјави дека е премногу среќна за пласманот.
„Тоа е толку голема можност, има толку многу луѓе кои гледаат… Следниот чекор е да го дадеме најдоброто што можеме да го дадеме и да го добиеме најдобриот пласман што можеме да го имаме. Среќна сум што има толку многу луѓе кои ќе ја слушнат мојата музика“.
(Фото: ЕБУ)