Србија брои црни рекорди: Новозаразени 6.179, а 65 починаа

Во Србија во последните 24 часа регистрирани се 6.179 случаи со корона вирус, а починаа 65 пациенти.
За овој пресек тестирани се 15.508 луше.
Во болниците има 7.256 лица, а на респиратори се 252 пациенти.
Во Србија од почетокот на пандемијата регистрирани се 169.214 случаи со корона вирус.
Од последиците на Ковид-19 починаа 1.549 лица.
Ситуацијата во соседна Србија е критична, а лекарите секојдневно известуваат за голем број прегледи во ковид амбулантите. Се повеќе болници ширум земјата преминуваат во ковид системот, а пациенти се транспортираат онаму каде има место.
Надлежните апелираат да се почитуваат мерките, носење маски и дистанца.
Како што најави прекиерката на Србија, Брнабиќ, во текот на следната недела ќе бида одржана седница на Кризниот штаб на која ќе се разгледуваат дополнителни мерки, пред новогодишните празници.