„Sport life“ и оваа година донираше пакетчиња за децата и лицата од раниливи категории


Обложувалниците „Sport Life“ посветено го продолжуваат придонесот кон општествено одговорни иницијативи. Во очекување на новата 2025 година, компанијата додели новогодишни пакетчиња на децата од социјално ранливите категории и на лицата со попреченост.

По тој повод, беа посетени повеќе институции и домови како: Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА НАША“- Куманово, ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, Здружение за ретки болести „КОКИЧИЊА“, Центар за помош на лица со ментален хендикеп „ПОРАКА НЕГОТИНО“ – Волково.

„Им благодариме за убавиот прием, за радоста и насмевките кои ни ги подарија, сите деца и лица од ранливите категории, за нас ова претставува благородна традиција и дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество. Истата со голема радост и задоволство ќе ја продолжиме и во иднина, воедно им ја честитам Новата година и им посакувам многу здравје, радост и среќа на сите дечиња и на сите наши граѓани во името на „Sport Life“ обложувалници – изјави Петар Поцков, маркетинг директорот на „Sport Life“.