Според Силјановска-Давкова, Македонија сега наликува на Римската империја пред пропаѓањето
Професорката Гордана Силјановска-Давков вечерва ја спореди Македонија со големата Римска империја, правејќи паралела дека ситуацијата денес во државата била како пред пропаѓањето на Рим. За да не се случи пропаѓање слично на Римската империја „нам ни треба правна држава, квалификувана администрација, учителите и учениците да направат сојуз. Ни претстои обединување, а тоа може да го направи ВМРО-ДПМНЕ“, рече носителката на ВМРО-ДПМНЕ во Првата изборна единица за време на дебатата на Телма.
Според неа, „политиколошката дијагноза вели дека ова е заробено општество“.