Според министерот Лимани, четири од пет пратеници на Таравари остануваат со власта


 

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, денес извести дека излегувањето на Арбен Таравари со партијата од ВЛЕН нема да влијае на мнозинството во парламентот, во смисла партијата ќе излезе од власта, ама пратениците не. Тој рече дека најмалку четворица пратеници од Алијанса за Албанците (АА) ќе се приклучат во редовите на владејачкото мнозинство.

„Грешка се ако мислат дека дел од пратениците на Алијанса за Албанците би преминале кон фронтот бидејќи дел од нив ќе останат со владата. Најмалку четири пратеници од нивните редови ќе преминат во делот на владејачкото мнозинство“, вели Лимани.

Тој апелираше до секој пратеник, како што рече, кој мисли дека треба да се вратат на вредностите на семејството, да им дадат можност на новата влада во следните четири години да се обиде да ги поврати тие вредности и да застане на браникот против иселувањето на младите.

„Да ни дадат можност овие четири години да се обидуваме да ги повратиме вредностите и да бидеме на браникот да не ни ги избркаат младите кои веќе 25 години живеат надвор од земјава и таму создаваат семејства“, порача Лимани.

Лимани смета дека оваа Влада треба да продолжи и да ги спроведува сите предлози што ги има дадено пред гласачите што им верувале.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, пак, потврди дека во ВЛЕН се подготвува формирање на нова пратеничка група и дека веќе има одлука за нов координатор. Сепак, тој рече дека секој пратеник има слобода во донесувањето на одлуката за приклучување кон некоја пратеничка група. Тој вели дека до сите пратеници ќе биде испратен предлогот и сите што ќе се потпишат ќе бидат дел од таа група.

Прашан колку пратеници мисли дека ќе се отцепат од Алијанса за Албанците на Таравари, Гаши рече дека не знае.

„Не сакам јас да прејудицирам, немам информација. Знам дека е понудено на сите пратеници да се потпишат, нормално. Сметаме дека тие пратеници што ги добиле гласовите преку коалицијата ВЛЕН треба да останат во ВЛЕН, но одлуката е нивна. Ако Алијанса за Албанците се одлучи да пристапи кон друг политички пакт тоа е нивно право“, додаде Гаши.