Според Груби корупцијата не се решава со партиска пропаганда
Потпретседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, на одбележувањето на годишнината од формирањето на Агенцијата за национална безбедност, порача дека корупцијата е безбедносен ризик и дека за справување со неа треба ветинг, а не партиска пропаганда.
-Не зборувам само за корупција во политиката и институциите, туку и кај медиумите, судството, невладиниот сектор.Токму затоа ни треба општествен ветинг, а не лов на вештерки и партиска
пропаганда. Зборот процент не смее да се однесува на провизија туку на реализација
на борбата против корупцијата.
Настани како денешниот не се само за честитање, туку и за испраќање на
пораки.Ние сме земја членка на НАТО и земја што преговара за членство во
Европската Унија. Место за импровизација нема. Место за толеранција
нема.Затоа е потребна општествена кампања на сите чинители против корупцијата
и организираниот криминал, рече Груби.