Лорер: Христијан Пендиков не е Бугарин

Сојузот на демократските сили на Бугарија ја критикува изјавата на Даниел Лорер од партијата Продолжуваме со промената дека Христијан Пендиков, кој беше претепан во Охрид, не е бугарски државјанин, туку се дефинира себе како личност со бугарска самосвест. Според Лорер, тензијата меѓу Бугарија и а Македонија е вештачка и Софија не треба да концентрира толку ресурси за човек кој не е Бугарин.
„Бугарија мора пред сè да ги заштити своите граѓани“, рече Лорер.
Неговите зборови наидоа на незадоволство и остри критики.
„Во СДС сме револтирани од зборовите на пратеникот од Продолжуваме со променат“ Даниел Лорер. Оваа изјава нè наведува да мислиме дека господинот Лорер не го разбира длабоко проблемот и не разбира што е бугарска самосвест во РСМ. Се добива впечаток дека за него нашите односи со Северна Македонија се апстрактно-институционални. Како луѓето со бугарска самосвест живеат и се справуваат со омразата против нив, очигледно не е во парадигмата на поранешниот министер за иновации. Според него, прашањето е исполитизирано. А, што друго, ако не политика, е тоа што се случуваше повеќе од 70 години и продолжува да се случува во Македонија во однос на тамошните Бугари, и во однос на државата Бугарија?!
Дали господинот Лорер си го поставува прашањето, што ќе се случеше со илјадниците негови предци во нашата татковина во 40-тите години на минатиот век, ако не беа спасени затоа што се државјани на Бугарија, а имаат поинаква самосвест?!
Зборовите на Даниел Лорер се силна шлаканица за Бугарите во Северна Македонија. Како истакнат претставник на ‘промена’, владеејќи до неодамна и повторно правејќи обиди да дојде до власт, јасно им покажа каков е односот на политичката сила што ја претставуваше кон нив.
Политичкиот цинизам на Продолжуваме со промената е толку непростлив што не ни помислуваат дека е потребно да го прикријат. Нема да го поканиме Даниел Лорер или неговите непосредни партиски лидери да се извинуваат, бидејќи тоа би било неискрено и бесмислено“, стои во реакцијата на СДС.
Со реакција се јави и лидерот на крајнодесничарската Преродба, Костадин Костадинов.
„Вчера го гледав пратеникот и поранешен министер Даниел Лорер, кој на телевизија објасни како Христијан Пендиков бил претепан од лице со бугарско државјанство (што е лага), како дури неодамна покажал бугарска самосвест (втора лага) и дека, бидејќи самиот немал бугарско државјанство, нашата држава не требала да покаже таква посветеност кон него. Ќе потсетам дека тие од ‘Испратете ни ја амбасадата’ имаа подготвено декларација за Македонија, во која бугарските политичари и народни претставници беа обвинети за антибугарските дејствија во таа земја!“, напиша Костадинов.