Спасовски смета дека може да се отвори истрага за купувањето на „Соравија“
На чело на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е Ислам Абази од Зајас за кој медиумите објавија фотографија на која седи во опуштена атмосфера со таткото на Дрин Ахмети, Фекри Ахмети, кој е брат на Али Ахмети.
Во однос на случајот и истрагите за градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко откако пред една недела беше ставен на Црната листа на САД посочи дека МВР како институција е подготвена да постапува по сите наредби кои ќе ги добијат.
-Ние дадовме многу конкретни информации во однос на оваа состојба, во однос на предметите кои се водат беа изнесени точно и од страна на Јавното обвинителство во делот на овие постапки. Така што, ние сме тука како институција да постапуваме по сите наредби кои ќе ги добиеме не само за конкретниот случај туку и за сите останати, меѓутоа, да, има случај за ова и се наоѓа пред обвинителство, изјави министерот Спасовски.
Спасовски во коментар за најавениот собир во организација на МПЦ-ОА во знак на протест од предложениот закон за родова еднаквост, посочи дека законот се уште не е влезен во владина процедура и оти треба да се отвори широк дијалог.
– Сметам дека треба да се отвори широк дијалог во однос на овој закон, и на крајот да ги постигнеме очекувањата на општеството. Кога ќе се затвори целосната дебата, тогаш законското решение може да оди во владина и во собраниска процедура, рече Спасовски.