Спасовски: Борис Трајковски останува симбол на вистинско лидерство


Фото: Б. Грданоски

„Борис Трајковски останува незаборавен и по 21 година како симбол на вистинско лидерство, што го негуваше и промовираше во еден исклучително тежок период. Во сите свои дејства тој ги поддржуваше соработката и помирувањето, за што беше признат од народот, политичарите и дипломатите, домашните и странските лидери“, напиша на фејсбук екс министерот Оливер Спасовски. 

„Тој беше доблесен државник кој во време на важни транзициски процеси, кога земјата се соочуваше со тешки одлуки, успеа да го одржи мирот, да ги зацврсти меѓуетничките односи и да се посвети на демократските вредности и евроатлантската ориентација. Неговата визија за иднината на Македонија останува пример за вистинско лидерство“, напиша Спасовски.