Спалувачите на кабли избегале, инспекторите спречиле поголем пожар
Екипи на Инспекторатот на Град Скопје при редовна контрола на реонот на „Вардариште“ вчера затекнаа група лица кои на отворено спалуваа разновиден отпад и кабли.
Од Градот информираат дека по обидот за легитимирање, затекнатите лица се дале во бегство. На локацијата била повикана полиција, а запаленото сметиште веднаш било изгаснато.
– Инспекторите на Град Скопје се континуирано на терен, организирани во дежурства, и ја следат состојбата со загадувачите на животната средина. Сите затекнати сторители што ја загадуваат животната средина или ја оштетуваат урбаната опрема ќе бидат санкционирани. Целта е да се спречи несовесното постапување со отпадот, создавањето диви депонии и загадувањето на воздухот – велат градските власти.