Советот за безбедност ќе расправа за стратешките набавки во Армијата


Претседателот Стево Пендаровски за денеска во 13 часот свика седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

Седницата ќе одржи во Кабинетот на шефот на државата, а покрај членовите на Советот за безбедност, поканети се и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу и директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски.

Единствена точка на дневен ред е Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период, соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски.