Советот на Европа утврди дека нема дискриминација врз Бугарите кај нас
По долга и жолчна расправа во Стразбур, Комитетот на министри на Советот на Европа на денешната седница ја усвои резолуцијата за национални малцинства во Северна Македонија, со која се утврдува дека не постои основ за тврдењата на Бугарија за постоење на системска дискриминација врз малцинствата во земјава.
Одбивајќи ги сите амандмани на Бугарија, Комитетот на министри во целост ј прифати аргументацијата и ставовите на македонското Министерство за надворешни работи, што во дипломатскиот речник се смета за голема извојувана победа на македонската дипломатија.