Советникот на Трамп за Русија и Европа, Тим Морисон, си поднесе оставка


Советникот за Русија и Европа на американскиот претседател,Тим Морисон, поднесе оставка во пресрет на сведочењето пред американскиот Конгрес во рамки на процедурата за импичмент на претседателот Доналд Трамп.

Морисон, претставник на американскиот Совет за национална безбедност, „одлучи да се сврти кон други можности“, наведе неименуван висок претставник на администрацијата, пренесоа американските медиуми.

Тој додаде дека Морисон „веќе некое време размислувал за напуштање на администрацијата“.

Морисон во четврток треба да сведочи во Претставничкио дом на Конгресот. Тој е еден од функционерите кои присуствувале на телефонскиот разговор на Трамп со претседателот на Украина во јули годинава.