Советникот на Мицкоски стана уставен судија


Со 63 гласа „за“, седум „против“ и без ниту еден воздржан, Собранието денеска го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија.

По изборот, Наумовски даде и потпиша свечена изјава во Собранието, со која се обврза дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно и дека ќе ги почитува Уставот и законите.

Наумовски е професор на Правниот факултет и советник на премиерот Христијан Мицкоски за правни работи.