Совети за подобар имунитет


Имунитетот го оштетуваат лошите навики: пушење, неправилна исхрана, долготрајни диети, недоволно спиење, нередовно одмарање, песимизам, лоша хигиена…

Особено во зима нашето тело е подложно на инфекции.  Нашето тело на студено троши многу енергија на загревање, уште на сето тоа ако додадеме и  физички напор, стрес, а не му дадеме доволно калории, витамини и минерали, создаваме услови болеста да не совлада.

Како да го зајакнеме имунитетот?

За зајакнување на имунитетот неопходни се здрави навики, правилна исхрана, доволно сон, редовно одмарање, секојдневни физички активности, намалување на стресот, одржување на личната хигиена, одржување на хигиена на просторот.

Спиењето и одморот се неопходни за нашето здравје и намалување на стресот. Важно е да се спие во мир и тишина 7-8 часа дневно

– Правилна и здрава исхрана го зајакнува имунитетот. Во организмот треба да се внесуваат неколку помали редовни оброци кои треба да содржат доволно: витамини (особено Д, Ц и А), минерали, антиоксиданси, растителни влакна, протеини, јаглени хидрати и калории.

Од овошје треба да се внесува: јужно овошје, грозје, јаболки, бадеми но и природни овошни сокови. Од зеленчук : кромид, лук, зелка, патлиџан, пиперки, брокула.

– Додатоци во исхраната можат да бидат медот и прополисот (матичен млеч) бидејќи поволно делуваат на имунитетот. Поволна комбинација е топол чај (од нане, камилица, зелен чај, хибискус…) засладен со мед. Мултивитамините помагаат ако веќе не внесуваме доволно витамини со редовната исхрана.

– Со редовни или умерени физички активности може да се подобри имунитетот и до 50% што е и научно докажано. Тоа подразбира: секојдневно пешачење, повремено пливање или лесно трчање, рекреативно планинарење.

Неколку препораки за подобар имунитет:

 

  1. Комбинација на лук и мед

Медот е богат со витамини, минерали, антиоксиданси и ензими. Лукот содржи состојки кои добро делуваат на способноста на белите крвни зрнца да се изборат со некои вируси. Важно е чешнето лук да биде згмечено, не сецкано бидејќи на тој начин се активира главната супстанција, алин. На една шолја мед се потребени 8 до 10 чешниња лук. Ставате го згмечениот лук во сад и наполнете со мед. Оставете да постои на собна температура 3 до 5 дена, а потоа мешавината чувајте ја во фрижидер. Еднаш дневно консумирајте од овој мед.

  1. Зелено смути

Оваа напивка е пребогата со витамини и е одлична за подобрување на имуниот систем. Потребно е: две шолји спанаќ, два портокала, целер, 2 сантиметри излупен ѓумбир. Ставете сè во блендер и испијте ја течноста.

Спанаќот е богат со витамини и минерали, исто како и портокалите. Целерот е богат со антиоксиданси, а ѓумбирот е познат по антибактериски и антивирусни дејства.

  1. Лимонада

За оваа вкусна напивка потребни се 2 сантиметри излупен ѓумбир, исцеден сок од половина лимон, четвртина лажичка мелен пипер. Помешајте ги состојките и прелијте со топла вода. Може да додадете и лажичка мед.

Мелениот пипер содржи бета каротен и антиоксиданси кои помагаат телото да се избори со бактериите. Исто така ја подига телесната температура и го активира имуниот систем.

  1. Чај од ѓумбир и куркума

За ѓумбирот веќе напишавме какви својства има, додека куркумата има многу позитивни ефекти по здравјето. Нејзините антивирусни својства и подобрувањето на имунитетот се само дел од нив.

Еве што е потребно за чајот: три шолји врела вода, сантиметар излупен корен од ѓумбир и сантиметар корен од куркума. Во врелата вода додајте ги состојките и оставете да дејствува 5 до 10 минути. За подобар вкус додадете лажичка мед.