Сопругата на заменикот на Сергеј Шојгу се луксузира низ Европа како да нема санкции


„Ова е Светлана Маниович Иванова. Таа е вашиот водич во светот на екстремниот руски гламур. Таа зрачи со богатство. Дијаманти, крзна, Ролс Ројс – таа има се повеќе. Во лето можете да ја најдете во Сент Тропе каде што изнајмува вила за 150 илјади евра месечно, или на јахта во Неапол“.

Ваков пост на Твитер објави Марија Певчих, шеф на Одделот за истраги на ФБК, антикорупциска фондација која објавува истраги за корупција од страна на високи руски владини функционери. Таа реагира на непречените движења на сопругата на рускиот заменик министер за одбрана, Тимур Иванов, низ Европа, низ Шанзелизе во Париз, во Лондон, во скијачки центри низ Франција, во Неапол…

Певчих напиша: ” Таа е во срцето на Европа, ги носи своите дијаманти и крзна. Како сопругата на воен злосторник се прикраде во Франција? Дозволете ми да ви кажам. Немаше многу прикрадување. Колку и да звучи лудо, нејзе и е целосно дозволено да дојде во ЕУ и да патува горе-долу по Шанзелизе трошејќи ги парите што нејзиниот сопруг ги заработил со бомбардирање станбени блокови, убивање деца и обезглавување војници во Украина.

Таа нема други пари. Таа е жена за одмор и бара спонзорство. Нејзиниот поранешен сопруг, кој го остави заради Иван, го предупреди дека нема да може да си ја дозволи: Светлана бара најмалку 50 илјади долари месечно!

Но, и покрај тоа што беше владин функционер, Иванов успеа да изгребе пари за да ја усреќи сопругата. Светлана може да го има целиот буџет што го сака за работите што ги сака.Имаат доволно готовина дури и да купат Ролс-Ројс само за на одмор. Имаат еден во Москва, но бидејќи поминуваат толку време на француската ривиера, купиле уште еден таму. Тоа е ретро Ролс-Ројс Корниш, само седи во гаража и ги чека цела година“, напиша Певчих. 

Таа тврди дека парите доаѓаат од корупција бидејќи Иванов добива „мито од тие на кои им доделува договори преку Министерството за одбрана“.

„Би помислиле дека војната ќе го спречи ова семејство на крадци и воени злосторници да поминуваат време во Европа. Но, тоа не е така. На 17 март 2022 година, денот кога војската на Путин го опустоши Мариупол, Светлана отиде, на лична покана, кај златарот на Џоел Артур Розентал во Париз за да купи неколку дијаманти. На 23 март, денот кога Киев беше гранатиран, Светлана отиде со „Еуростар“ да го посети својот син во Лондон.

Нејзиниот живот во Европа не го прекина војната, која, меѓу другото, ја започна и нејзиниот сопруг. Ова беше овозможено со два едноставни трикови: Светлана незаконски набавила израелски пасош и се развела превентивно од Иванов во август 2022 година, 5 месеци по војната. Затоа, санкциите не влијаат на тоа. Таа може да ги чува своите банкарски сметки, нејзиниот имот и шопинг празниците. И покрај тоа што секое евро што ќе го потроши во Хермес и Картие во Париз е евро натопено во крв. Може дури и да го задржи станот во Париз кој го изнајмува за своето семејство“, тврди Марија Певчих.