Сопругата на Ѓоковиќ во Скопје ќе ја промовира “Фондацијата Новак”

Гостувањето во македонската престолнина е дел од „Караванот на љубовта и среќата“, со кој изминатиов период ја обиколија речиси цела Србија, а сега се селат и во нашата држава, каде што ќе може да се слушнат плановите на фондацијата, но секако и на можеби најдобриот спортист воопшто на денешницата.
Новак во повеќе наврати во минатото потенцирал дека има голема желба да ја посети Македонија, па прво јавно најави посета на Охрид, а нешто подоцна изрази желба да одигра меч против нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски во Скопје.