Сообраќајот се одвива непречено, магла на патот Тетово – Гајре, Кичево – Пресека и на планинските премини Ѓавато и Буково

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Од АМСМ информираат дека намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци Тетово – Гајре, Кичево – Пресека, како и на планинските премини Ѓавато и Буково, додека на на патниот правец Дебар – Струга видливоста е до 100 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.