Сообраќајот по снежни коловози од Скопје до Охрид (фото)

Фоторепортажа на  Борис Грданоски на најфрекфентниот правец од Скопје до Охрид под снег


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, на Пресека и Буково, информира АМСМ.

Читење на снег напатот кај Гостивар/Фото: Б. Грданоски

Забрани за движење на тешки товарни возила од превентивни причини има на патните правци: Маврово-Дебар, Tетово–Попова Шапка и на планискиот премин Струмица – Берово.

Снег на патарина кај Тетово/Фото: Б. Грданоски

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Снг на Стража/ Фото: Б. Грданоски

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Фоторепортажа на  Борис Грданоски на најфрекфентниот правец од Скопје до Охрид под снег. 

Снег на пат Охрид-Струга/Фото: Б. Грданоски
Снег на пат накај Пресека/Фото: Б. Грданоски
Снег на автопат Тетово-Гостивар/ Фото: Б. Грданоски
Читење на снег на патот кај Подмоље-Охрид/Фото: Б. Грданоски
Чистење снег на патот кај Гостивар/Фото: Б. Грданоски