Сообраќајот на патот Маврово – Дебар по една лента поради свлечиште


Илустрација

Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, помеѓу бензинската пумпа Макпетрол и манастирот Св.Јован Бигорски од 06:45ч. се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 20м.

АМСМ информира дека од 03:10 часот, поради свлечиште, беше блокиран регионалниот патен правец Ростуше – Дебар.

Екипите на Ј.П. Македонија пат работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на сообраќајот.