Сообраќајка меѓу автомобил и трицикл на бул „Србија“ во Скопје, тројца се повредени


Вчеравечер, околу 21:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Србија“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даихатсу“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.Ч.(63) од Прилеп, со престој во Скопје и трицикл „томос“, управуван од М.С.(18) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле М.С. и неговиот сопатник С.Р.(23), а со телесни повреди се здобил уште еден сопатник од трициклот И.С.(19), сите од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.