Сообраќајкa кај рафинерија „Окта“ се вози една лента, а камионите се пренасочуваат
Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на автопатот Миладиновци – Куманово, поточно кај рафинерија Окта – село Дељадровци за патнички возила се одвива по една коловозна лента, а товарните моторни возила се пренасочуваат кон Миладиновци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.