Сонот на Елма Дервишовска за мал дуќан во прилепската чаршија
Отсекогаш сакав да имам свој сопствен бизнис и го постигнав тоа. Сакав нешто што нема во градов. Да немам конкуренција. Планирам да продолжам со работата и да го проширам бизнисот. Би им препорачала на сите, да не одат од Македонија, да останат тука, да отворат свој сопствен бизнис. Да ризикуваат
Елма Дервишовска e млада жена од Прилеп која и покрај сета дискриминација, предрасудите и тешкотиите со кои се соочуваат жените, особено Ромки во малите средини, успеа да го оствари својот сон и да отвори мал дуќан во чаршијата во Прилеп. Ведра, насмеана и среќна Елма го грaди својот пат кон успехот, скромно но среќно.
– Почнав прво од дома да работам. Сопругот посака да пробаме и во чаршија. И почнавме, изнајмивме дуќан. Почнавме да работиме и слушнавме за организацијата Рома Перспектив. Не поттикнаа да аплицираме за проектот на УСИД. Прифативме. Почнавме да соработуваме и стасавме до тука. Чекор по чекор. На почетокот изгледаше се премногу тешко, ама не е воопшто така. Отсекогаш сакав да имам свој сопствен бизнис и го постигнав тоа. Сакав нешто што нема во градов. Да немам конкуренција. Најдовме дуќан, го изнајмивме, го средувавме. И така останав во чаршијата затоа што знам да се однесувам со луѓето, да ги услужам на најдобар начин, да зборувам со нив. Планирам да продолжам со работата и да го проширам бизнисот. Иако постојано сме ние како Роми дискриминирани, откога дојдовме овде по дуќаните малку се вклопуваме, ама сето тоа зависи од карактерот на еден човек. Би им препорачала на сите, да не одат од Македонија, да останат тука, да отворат свој сопствен бизнис. Да ризикуваат- вели Елма
целиот текст прочитајте го на трн.мк