Солскјер: Многу нервозно го почнавме натпреварот

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер за натпреварот против Барселона (0:1) во четврт-финалето на Лигата на шампионите оцени дека неговите избраници имаа лош почеток.
– Многу нервозно го започнавме натпреварот, не се изборивме за поголем посед на топката и не вршевме доволно притисок на противничките играчи. По примениот гол, игравме подобро, иако резултатот е разочарувачки за нас. На моменти изгледавме како вистински тим, навивачите активно нѐ поддржуваа, но во фудбалот понекогаш се случува дека топката едноставно не поминува низ мрежата.
Солскјер беше импресиониран од играта на Меси и Суарез.
– Тие брилијантно се движеа по теренот, така беше и при постигнувањето на голот. Тогаш Барселона имаше и малку среќа, бидејќи топката го погоди Шо и го промени правецот.
Реваншот е закажан за 16 април.