Соларна опсерваторија во Перу стара 2.300 години влезе во листата на УНЕСКО


Чанкило во Перу, неговите камени кули го следеле движењето на Сонцето

Чанкило во Перу има 13 камени кули изградени во 250 до 200 година п.н.е. кои функционирале како календар со обележување на издигнување и заоѓање на лаците на сонцето

 

Најстарата соларна опсерваторија во Америка доби статус на светско наследство на УНЕСКО и е наречена „ремек-дело на човечката креативна генијалност“.

Археолошката урнатина Чанкило стара 2.300 години, која лежи во пустинска долина во северниот дел на Перу, беше една од 13-те нови глобални места додадени на списокот на споменици на културата.

Тринаесет кули што се усогласуваат на гребенот се најпознатата карактеристика на античкото место кое датира од 250 до 200 година пр.н.е. Кулите функционирале како календар користејќи лакови на изгрејсонце и заоѓање на сонцето за да ги обележат не само рамнодневиците и солсистициите, туку дури и да го дефинираат точното време на годината во рок од еден или два дена. Местото  исто така вклучува и импозантен комплекс со врвови на тројни ѕидови, познат како Утврден храм поставен во неплодниот пејзаж на долината на реката Касма.

Иван Гези, директор на програмата „Шанкило“, за „Гардијан“ изјави дека иако бил „навистина пресреќен“ од признанието, тој не бил изненаден што агенцијата на ОН процени дека Чанкило е достоен за вклучување во списокот.

„Тоа е единствената опсерваторија од античкиот свет за која знаеме дека е целосен годишен соларен календар“, рече Гези, археолог кој ја студирал и работел на локацијата две децении.

„[13] кули се поставени на таков начин што точно одговараат на движењето на сонцето во текот на сезонската година од две многу добро дефинирани точки на гледање“, рече тој. „Ова нема паралели никаде во Америка и во светот“.

„Античките цивилизации во Перу ја практикуваа најсофистицираната астрономија во тоа време“, додаде тој.

Археолозите веруваат дека локалитетот најверојатно бил напуштен во почетокот на првиот век н.е. и дека бил во голема мера заборавен до 19 век. На урнатините не се пронајдени човечки остатоци и малку се знае за културата.

„Знаеме дека е изграден во време на големи конфликти, големи социјални судири“, рече Геци, објаснувајќи дека верува оти општеството „Чанкило“ е производ на процес на „балканизација“ по распадот на уште постарата култура на Чавин.

Чанкило е третото место во Перу, додадено на списокот на светско наследство на УНЕСКО овој век. Статусот беше доделен на Qапак Шан, огромен патен систем на Инките во 2014 година и на Карал, најстариот град во двете Америки, во 2009 година. (Гардијан)