Софија: Сведоци сме на обиди за замолчување на Ковачев
Времениот министер за надворешни работи на Бугарија, Иван Кондов, изјави дека враќањето на пратеникот Андреј Ковачев од границата кон Македонија бил обид да се замолчи и за тоа ќе бидат известени институциите на Европската унија.
„ Андреј Ковачев, Милен Врабевски и уште неколку други граѓани биле запрени и не биле пуштени во РСМ. Спомен обележјето во Ново Село е едно од 4-те воени гробишта наа кои почиваат бугарските воини. Оваа прослава е традиционална, досега немаше никакви проблеми. Министерството за надворешни работи е во постапка на известување на институциите на ЕУ. Практиката во Скопје да не не информира нас и нашите европски партнери
ја попречува нашата доверба. Сведоци сме на обиди за замолчување и на Македонците
Бугари”, изјави в.д. министерот за надворешни работи Иван Кондов.
Според него, амбасадорот на РСМ нема одговор врз основа на кои критериуми Ковачев и тројцата преставници на обезбедувањето биле ставени на „црните“ списоци на Бугарите на кои не им е дозволен влез во Македонија.