Софија го условува патот на Србија кон ЕУ со подобрување на правата на Бугарите


Највисокиот бугарски орден за бугарскиот деец од Србија, Иван Николов

 

Бугарскиот претседател денеска упати порака до Србија дека патот на земјата кон ЕУ може да биде отворен само ако се почитувале правата на Бугарите во таа држава.

„Бугарија е главниот мотор на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, а основниот критериум со кој ќе дадеме поддршка е состојбата на нашите сонародници во секоја земја – условите за нивниот економски и социјален развој, а пред сѐ нивниот можност да го одбранат својот национален идентитет, јазик, култура, историска меморија“.

Ова го истакна Румен Радев на свеченото доделување на Орденот „Стара Планина“ на истакнатата личност на бугарското национално малцинство во Србија и на претседателот на Културно-информативниот центар „Босилеград“, Иван Николов, соопштија од претседателската прес-служба.

„Со одбрана на правата и слободите на нашите сонародници во Република Србија и спротивставувајќи се на секакви обиди за посегнување на историската вистина, Иван Николов се етаблира како вистински морален столб“, рече Радев и додаде дека ќе продолжи активно да работи со српското државно раководство за решавање на проблемите на Бугарите во Србија.

„Бугарите во Србија и не само во Србија, денес ги доживуваат најтешките искушенија, од кои зависи дали ќе застанеме на опскурантистичката идеологија која не одвои од татковината и ја протурка границата низ цркви, гробишта, дворови и најстрашно – низ душите на луѓето“, рече Иван Николов по доделувањето на орденот.

Бугарите во Србија живеат главно во две општини на југоситокот на државата – Босилеград и Димитровград. Според последниот попис од 2022 во Србија има 13.000 Бугари. Тие претставуваа 0,2 отсто од вкупното население во Србија. Бројката на Бугарите во Србија постојано се намалува од 1950-те до денес. Во 1953 имало 60.000 Бугари, а во 1991 – 26.700.