Собранието треба да го одржи продолжението на 92. пленарна седница
Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 92. пленарна седница, на чиј дневен ред се преостанати уште седум точки за разгледување.
Пред пратениците се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог на законот за изменување на Законот за данокот на добивка, и двата во прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка.
На дневен ред на седницата по скратена постапка се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за возила, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за развој, производство и промет на воени стоки.