Собранието со двотретинско мнозинство го усвои законот за новото министерство

Фото: Б. Грданоски

Собранието на Северна Македонија денеска во рамки на 93-та седница со двотретинско мнозинство го усвои Законот за Влада и Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се отвора патот на новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Законот што помина во второ читање, предвидува трансформирање на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор во ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Потребата за прераснување на Секретаријатот во министерство, според предлагачите, произлегла од тоа што Рамковниот договор бил веќе надминат, и оти сега ќе се работи на негова имплементација.Сите надлежности на Секретаријатот се пресликани во Министерството, но, додадени се и нови.