Урсула фон дер Лајен ќе им се обрати на пратениците кога ќе расправаат за францускиот предлог
Како што може да се види од информациите на собраниската веб-страница на закажаната седница за францускиот предлог треба да се обрати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и тоа во 13 часот.
Пратениците денеска преку СМС порака биле информирани дека 81. седница на чиј дневен ред ќе биде информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка ќе се одржи во четврток во 13, 30 часот. Ова го потврдија за МИА извори од Собранието.
Владата според барањата од вчерашната координација во Собранието, попладнево достави до дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европската унија, предложена од страна на претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.
Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите пратеници.