Собранието го изгласа Даштевски за претседател на ДИК


Даштевски инаку беше член на ДИК пред 15-тина години, а претседател на Комисијата за заштита од дискриминација беше неговата последна функција. Одлуката помина глатко иако за неа беа потребни две третини од гласоците. Одлуката беше донесена со  95 гласа „за“.

Даштевски беше член на ДИК пред 15-тина години, а неговата последна фунцкија беше претседател на Комисијата за заштита од дискриминација. Тој доаѓа на местото на досегашниот претседател Оливер Дерковски, додека потпретседателка на ДИК останува Дитмире Шеху, предлог на ДУИ.

За член на ДИК на предлог на ВМРО-ДПМНЕ е избран уште Бобан Стојаноски, додека членови на ДИК на предлог на СДСМ се досегашните членови Борис Кондарко и Радица Ристовска, а ново име поранешниот заменик-министер за правда Оливер Ристовски. За член на ДИК на предлог на АА е избран Кренар Лога.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК истекува в петок, на 15 јануари.