Собранието едвај функционира, а пратеници наплатиле 360.000 евра за патни трошоци
Седумдесет и три пратеници за 11 месеци минатата година инкасирале 360 000 евра за да ги покријат своите патни трошоци. Од пресметката е одземен август, кога пратениците се на колективен одмор и Собранието не работи.
Како што објави телевизија „Сител“ врз основа на податоците добиени преку барање за информации од јавен карактер, најмногу патни трошоци пријавиле народните избраници од СДСМ, поточно 23 пратеници од оваа партија добиле 133.000 евра. Веднаш за нив се дваесет и три пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои за овааа намена добиле 132 илјади евра.
Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ лани дневно во просек добивал по 3.550 денари за да патува на релација Струга до Скопје, а Јадранка Поцкова од истата пратеничка група, за патувањата од Скопје до Струмица, дневно во просек добивала 3.468 денари. Сурија Рашиди од Алијанса, за превоз од Струга до Скопје дневно во просек добивал по 3.254 денари.