Собрани 600 милиони евра, Макрон верува дека Нотр Дам ќе биде обновен за пет години
Претседателот на Франција Емануел Макрон изрази уверевање дека Нотр Дам во рок од пет години ќе биде обновен, откако во синоќешниот голем пожар оваа катедрала е многу оштетена.
-Ние повторно ќе го изградиме Нотр Дам, катедралата ќе биде уште поубава, а јас сакам се да заврши во рок од пет години, изјави Макрон, дополнувајќи дека катастрофата треба да биде претворена во шанса за здружување и слога.
Во меѓувреме, француските медиуми јавуваат дека донациите од големите претпријатија и француските богаташи за обнова на катедралата Нотр Дам денеска надминале сума од 600 милиони евра.
Најголемите донации доаѓаат од семејството Бетанкур кои најавиле дека ќе дадат 200 милиони евра, а истата сума ја ветиле и семејството Арно, додека по 100 милиони евра ветиле нафтената компанија „Тотал“ и семејството Пино кои ја водат компанијата „Каринг“.