Собрани 50 милиони долари: Кои брендови и дизајнери најмногу донираа во корона-кризата?


САД– Луксузниот малопродажен сектор изгуби милијарди во текот на појавата на Ковид-19, но тоа не ги спречи некои од најистакнатите имиња во играта да донираат милиони за да им помогнат на оние кои се погодени од коронавирусот.

Во јануари, во раните фази на глобалното појавување, LVMH, најголемиот луксузен конгломерат во светот, најави донација од 2,2 милиони американски долари на Црвениот крст на Кина. Оттогаш, LVMH ги претвори своите фабрики за парфеми во производители на санитарни производи и вети дека ќе испрати 40 милиони маски за лице нарачани од Кина во Франција, за да помогне во олеснување на недостигот на медицински материјали во Франција.

На 7 април, Керинг објави дека ќе донира 1 милион американски долари на Фондацијата ЦДЦ за да помогне во обезбедувањето на лична заштитна опрема и други медицински материјали за здравствените работници во првите редови на пандемијата во САД. Компанијата веќе донираше околу 4 милиони долари на разни организации ширум светот кои се борат против пандемијата.

Кои  дизајнери и брендови од луксузната модна сцена најмногу донираа во борбата против коронавирусот?

Монклер-10 милиони долари

Ралф Лорен- 10 милиони долари

ЛВМХ-2,2 милиони долари

Капри Холдингс- 3 милиони долари

Гучи-2,2 милиони долари

Армани-1,4 милиони долари

Керинг-4 милиони долари

Тифани-1 милиони долари

Хермес-700 илјади долари

Валентино -1 милион долари

Серџо Роси-100 илјади долари