Со радари ќе се чуваат новите корпи за отпадоци


Во Старата скопска чарштија поставени се 85 нови корпи за отпадоци, што неодамна ги набави Град Скопје, а дирекоторт на „Комунална хигиена“ појасни дека со радари ќе се упатуваат граѓаните кон нив.

„Поставувањето на новите корпи за ситни отпадоци во голема мера ќе придонесе за подигнување на нивото на хигиената на јавните површини во нашиот град. Корпите ќе бидат распоредени во сите скопски општини, а покрај Старата чаршија и Кејот „13-ти Ноември“, во текот на утрешниот ден ќе поставиме 20 корпи и во спортско-рекреативниот центар „Матка“. Градот Скопје ги набави овие корпи, обврска на општините и на екипите на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје е редовно да ги празнат, но од граѓаните очекуваме со својот однос и постапки да ги сочуваат за што подолго време да бидат функционални и неоштетени“, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани.

Претседателот на Здружението на занаетчии „Еснаф”, Бејтула Морина, се заблагодари на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, нагласувајќи дека постоеше огромна потреба за поставување корпи за ситни отпадоци наменети за бројните посетители на Старата скопска чаршија.