Со поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 продолжуваат СВП

Со поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година, Андреј Ал-Асади, Јулијана Величковска, Гордана Михаилова Бошнакоска, Виолета Танчева-Златева и Бранко Цветкоски, како и портрет на минатогодишната добитничка Катица Ќулавкова, денеска во Струга продолжуваат 64-тите Струшки вечери на поезијата.
Во рамките на програмата предвидено е поетско кафе со добитникот на „Златен Венец“ на СВП за 2025 година, словачкиот поет Иван Штрпка, како и портрет на добитникот на „Мостови на Струга“ за 2025 година, Матеуш Шимчик од Полска.
Ќе бидат претставени и книгите објавени во едицијата Плејади на Антонела Анеда од Италија и тематската антологија „Дионис и Свети Треифун“. Вечерта е резервирана за поетски читања на поети од европската платформа Версополис и меѓународно поетско читање „Кругови“.
Според програмата, на летната сцена на Центарот за култура ќе биде врачена наградата „Млада Струга“ за 2025 година на поетот Андреј Анѓеловиќ.
Манифестацијата продолжува утре со традиционалниот поетски портрет на добитникот на „Златен венец“ Иван Штрпка, како и меѓународно поетско читање во предворјето на црквата „Света Богородица Перивлепта“ и читање современа македонска поезија пред споменикот на Свети Климент во Охрид.
Утре на прес конференција од 12, 30 часот ќе биде прогласен и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“, во Пијано сала на хотелот „Дрим“, а во 14,30 е претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2025 година.
Струшките вечери на поезијата завршуваат в недела со манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“.
Август 22, 2025
09:30 Поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година
Пијано сала – „Хотел Дрим“
10:00 Поетско кафе со добитникот на „Златен Венец“ на СВП за 2025 година, Иван Штрпка
Пијано сала – „Хотел Дрим“
11:30 Портрет на Катица Ќулавкова, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2024 година и промоција на преведеното издание во едицијата „Плејади“
Пијано сала – „Хотел Дрим“
12:30 Портрет на добитникот на „Мостови на Струга“ за 2025 година, Матеуш Шимчик (Полска)
Пијано сала – „Хотел Дрим“
14:30 Современа македонска поезија – поетско читање
Пијано сала – „Хотел Дрим“
18:00 Претставување на книгите објавени во едицијата Плејади – Антонела Анеда (Италија)
Струшки ќепенци – „Хотел Дрим“
18:30 Претставување на тематската антологија „ДИОНИС И СВЕТИ ТРИФУН“ (панорама на современата македонска винска поезија)
Струшки ќепенци – „Хотел Дрим“
20:00 Вечер на ВЕРСОПОЛИС
Летна сцена, Центар за култура
21:00 Поетски портрети
Летна сцена, Центар за култура
22:00 „Кругови“ – Меѓународно поетско читање
Летна сцена, Центар за култура
23:40 Врачување на наградата „Млада Струга“ за 2025 година
Летна сцена, Центар за култура
00:00 Ноќ без интерпункција: музичко-поетски перформанс
ПРВ ДЕЛ – ВИНО И ПОЕЗИЈА
ВТОР ДЕЛ – ЕНХАЛОН
Летна сцена, Центар за култура